Добро познат факт за Бразил е дека тоа е држава на фудбалот со голем број фудбалери, но уште поголем број и навивачи. Овој спорт за „кариоките“ е религија, па секоја победа и секој пораз се доживува доста емотивно.
Пример за ова е и последниот случај кој ни пристига од оваа јужноамериканска држава. Извесен Маркос, по поразот на својот клуб Спорт Ресифе од Ботафото (2-1), крајно разочара заминал дома, се полил со бензин и запалил.
Сепак тој преживеал благодарение на својата сопруга која на брзина го угаснала пожарот и го пренела во болница.