Во текот на вчерешниот ден, односно во 09,00 часот случаен минувач, пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје имало машко лице кој имал повреда на главата и обилно крварел.
По интервенција на МВР, констатирано е дека се работи за Т.С.(30) с.Долно Соње-Скопје кај кого се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на череп) и бил пренесен во Ургентен центар-Мајка Тереза за укажување на лекарска помош.
По кажување на повредениот, откако се созел, повредите ги здобил од брат му кој го удрил со тапиот дел од секирата. Предметот подоцна е пронајден во нивната семејна куќа. .