Изминатиот викенд во селото Грдовци, во близина на Кочани се одржа невообичаен настан.
Имено во „Кмет Бар“ за првпат во нашата држава беше одржана „Мудијада“ каде што за гостите беа приготвувани тестиси од животни.
Од организаторите, како што истакнуваат, како за првпат посетата била одлична, а ветија дека ќе се потрудат овој настан да стане традиционален.