Нашата ракометна репрезентација, денес со почеток од 17:45, ќе ја напаѓа по третата победа во групата Б, откако да мегдан ќе се соочат со репрезентацијата на Словенија, предводена од поранешниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ.
Со евентуална победа вечерва над Словенија, нашите ќе имаат сигурен пласман во осминафиналето од Светското првенство во Франција, а ќе имаат и подобра позиција. Од двете репрезентации изразуваат меѓусебен респект. Кире Лазаров ја препушти фаворитската улога на Словенија, додека пак Вујовиќ капитенот и Филип Миркуловски ги нарече „срце и бели дробови“ на репрезентацијата.
„Словенците се одлично подготвени и на тактички и на технички план. Можеби не се дотолку корпулентни и добри на физички план колку што се импресивни во брзина и креација. Бомбач, Зорман и Скубе ги немаат, сега ги имаат Зарабец и Безјак. Мора да бидеме цврсти во одбрана и да не оставаме многу простор. Мора и техничките грешки да ги намалиме бидејќи знаат да казнат во контранапади што ги изведуваат меѓу најдобрите во Европа“, истакна Червар.
Од таборот на Македонија посакуваат да се повтори резултатот од Европското првенство во 2012, кога ја совладавме Словенија со 28:27, додека пак словенците посакуваат реприза на резултатот од Светското првенство во Катар во 2015 година, кога загубивме со 30:28 во осмина финалето.