23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Јавни личности, научници и новинари од Бугарија во отворено писмо до бугарскиот патријарх Неофит, бараат БПЦ да ја признае МПЦ-ОА

Јавни личности, научници, новинари и потомци на истакнати семејства со корени од Македонија, ја повикуваат Бугарската Патријаршија да ја прифати пружената рака на македонската архиепископија и да ја признае нејзината автокефалност. Писмото е упатено до бугарскиот Патријарх Неофит и до Светиот Синод, а текстот е отворен за поддршка за сите што сакаат. Во наредните денови ќе почне и собирањето на потписи со цел БПЦ да ја добие потребната поддршка од јавноста во деликатниот процес поврзан со објавувањето на МПЦ-ОА за автокефална црква. Еве некои делови од отвореното писмо:

„Свесни сме дека проблемот со препознавањето на автокефалноста на Македонската православна црква воопшто нема да се реши лесно , инаку нејзината хиерархија не би била изолирана цели педесет години. Но, во исто време, свесни сме дека Бугарската Патријаршија има ги има сите причини – и историски и канонски – да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите крвни и духовни браќа во Република Македонија, за нивната црква да се стекне со полноправно место во семејството на православните цркви.“

Убедени сме дека ако Бугарската патријаршија ја прифати пружената рака од Македонската архиепископија, таа ќе ја исполни својата историска мисија на стара и мудра црква, која отсекогаш била предводена од грижа за своето стадо, од љубов и милост кон сиромашните. Немаме илузии дека прифаќањето на оваа подадена рака, нема да донесе со себе и несогласувања во и без тоа поделениот, од противречности православен свет. Сметаме дека барањето на Светиот синод за консултации во однос на писмото на македонскиот Синод со останатите помесни цркви и овозможува на БПЦ да го направи овој проблем глобален православен домен, што и дава можност таа категорично да се покаже како Мајка-Црква на МПЦ .

Целосниот текстот на  писмо и списокот со неговите подносители можете да го видите на следниот линк (овде)

поврзани објави

Последни објави