11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Османи побара конзенсус за реформите од планот 3-6-9

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа брифинг со новинарите на кој беше презентирана содржината на Планот 369+. Беше објаснета и предвидената динамика за неговата имплементација, како и значењето на Планот за Република Македонија во контекст на севкупните европски и евроатлантски интегративни процеси. Османи подвлече дека Планот 3-6-9+ претставува единствена целина, во која се содржат сите реформски обврски на Република Македонија, а кои потекнуваат од забелешките, препораките и сугестиите од страна на Европската Комисија, Венецијанската комисија, ГРЕКО и сите други релевантни меѓународни институции кои вршат оценка на состојбите во Република Македонија. Османи им обрна посебно внимание на реформите во приоритетните области, за кои Владата презеде обврска да ги имплементира заклучно со февруари 2018 година, тоа се реформите на безбедносните служби, реформите во правосудството, како и реформите на јавната администрација.

 

поврзани објави

Последни објави