Доказ дека висината не е никаков предуслов за успех се следните 10 мажи кои немаат никаков проблем со висината под 170 cm.
Тие се талентирани, успешни во својата работа, славни и секогаш опкружени со убави жени.
Кому му е гајле за нешто толку минорно и неважно како висината?
Погледнете кои 10 машки ѕвезди се меѓу најниските во светот на славните:
Џош Хачерсон
Ѕвездата на трилогијата „Игра на гладните“ (The Hunger Games) е висок само 145 cm.

Даниел Редклиф
„Хари Потер“ е висок 165 cm, што секако не беше воопшто пресудно за улогата на неговиот живот.

Кевин Харт
Популарниот комичар е висок 163 cm, и воопшто не му е битно што неговата сопруга Енико Париш е 8 cm повисока од него.

Бруно Марс
Еден од најдобрите вокали на денешницата има само 165 cm висина.

Џек Блек
168 cm изнесува висината на популарниот актер и комичар Џек Блек.

Дастин Хофман
„Дипломецот“ (The Graduate) Хофман е висок 167 cm, но со 2 освоени оскари тоа и не прави некоја разлика.

Сет Грин
Актерот познат по улогите во „Семеен човек“ (Family Guy) и серијата „Бафи, убиец на вампири“ (Buffy the Vampire Slayer) е висок само 163 cm.

Мартин Фримен
Популарниот „Хобит“, кој исто така се појави и во британската верзија на серијата „Канцеларијата“ (The Office), како и во „Шерлок“ (Sherlock) и „Фарго“ (Fargo) е висок 169 cm.

Мајкл Џеј Фокс
Актерот кој нам најдобро ни е познат по трилогијата „Враќање во иднината“ (Back to the Future) е висок само 163 cm.

Џо Пеши
Негативецот од популарниот филм „Сам дома“ (Home alone) е висок 163 cm.

Извор: Црнобело








