16.8 C
Skopje
Wednesday, March 12, 2025

Груевски: Бараме прекин на политичкиот прогон

Видно вознемирен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски побара прекин на политичкиот прогон против луѓето, како што рече самиот тој „кренале глас против хунтата што се наоѓа на власт“. Груевски се закани дека „тркалото се врти“ и дека сите ќе ги стигнела правдата за сторените неправди. Лидерот на Опозицијата ги повтори опорните точки, кои порано беа објавени од медиумите блиски до ДПМНЕ, а имено, споредбата со пуштањето на слобода на „убијците“ од Смилковско езеро, Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи и апсењето на оперскиот пејач Дурловски и пратениците Пешевска и Мукоски.
Претходно Груевски преку својот официјален фејсбук профил го повика народот да излезе на протест пред основниот суд Скопје. Запрашан од новинарите во врска со протестот, Груевски рече дека веднаш по прес-конференцијата ќе отиде на протестот пред Основниот суд.

поврзани објави

Последни објави