7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Љубчо Георгиевски: Ја поздравувам одлуката на БПЦ да ја застапува нашата Црква

Порталот Поглед се обрати до лидерот на ВМРО Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски да го искаже својот став за случувањата околу затоплувањето на односите меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Бугарската православна црква.

Во продолжение, изјавата на г-динот Георгиевски:

Лично ја поздравувам одлуката на БПЦ да почне процес за застапување на МПЦ-ОА. Се надевам дека ова нема да биде само прв чекор, туку сето тоа ќе даде и конкретна завршница.

Во исто време, не можам да се изначудам на бројните македонски аналитичари кои овој обид на МПЦ го нападнаа или карикираат, најчесто фаќајќи се за поимот „мајка“ – црква. Па да ги потсетам овие критичари дека Српската православна црква веќе 70 години исто така ни е мајка – црква и на никој во Македонија тоа не му претставуваше проблем.

Читајќи ги овие критичари излегува дека повторно ни е крива Бугарија за тоа што српската православна црква не не признава со децении. Конечно, можеби е добро што Бугарската православна црква направи само еден чекор за да на тој начин големите пријатели на Србија од Македонија, да направат дополнителен притисок на СПЦ за таа да го направи признавањето.

Замислете, каква зафраканција ќе и направи СПЦ на БПЦ додека таа се мисли, сите да не изненади со признавање на македонската православна Црква. Можеме ли само да замислиме каков ефект ќе има тоа на мазохистички расположениот дел од македонскиот народ.

поврзани објави

Последни објави