Од Министерството за правда граѓаните кои излегоа вечерва на протест се упатија кон Владата. Протестот пред Влада е во знак на поддршка на притворените кои се осомничени за настаните во Собранието од 27 април оваа година.
Граѓаните извикуваат „Правда“, „Слобода“ и „Македонија“.
Во прв ред е лидерот на ВМРО ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, придружуван од генералниот секретар Христијан Мицковски.