3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Левицата во Германија побара укинување на НАТО

Најголемата германска опозициска партија „Линке“ (Левица) денес побара укинување на Северно-Атланската алијанса. Заменик претседателката на Левицата, Сара Вагенхајт, после изјавите на Трамп дека НАТО е застарена органинзација, смета дека на светот му треба нова безбедносна сила.

„НАТО мора да биде укината и заменета со колективен безбедносен систем кој ќе ја вклучи и Русија“, изјавила Вагенхајт за медиумската група „Функе“ , пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Германската Левица во неколку наврати претходно побара Германија да има поблиски односи со Русија и прекин на провокациите на западот кон Москва.

поврзани објави

Последни објави