1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Колку е важно читањето во развојот на децата?

Во најраното детство, читањето е важно за да можат децата да се запознаат со светот околу нив. На почетокот, родителите се тие кои им читаат приказни за добра ноќ, за анимација во текот на денот. Обично тоа се книги кои имаат многу слики со силни бои и малку текст. Нивната интерпретација е оставена на снаодливоста на родителот.

Како што растат децата, така расте и текстот под фотографиите во нивните книги. Штом научат да читаат, процесот станува поинтензивен. Децата читајќи развиваат способност за критичко мислење кое во иднина помага да формираат и конкретни ставови. Иако, голем дел од родителите се свесни за дека читањето позитивно влијае на нивните деца, голем дел од нив не се многу сигурни на кој начин се случува тоа, посебно ако детето е на помала возраст.

Еден од најзначајните начини на кои читањето влијае на успехот на детето е развивање на јазичните способности и комуникациските вештини. Силните комуникациски вештини се клуч на успехот како во академските кругови, така и секој друга област од животот. Ова е од голема важност за секоја ситуација во која ќе се најдат кога ќе бидат возрасни личности.

Сигурноста во својот настап пред светот, меѓу другото ќе ја имаат благодарение на основата која ќе ја добијат во текот на развојот како дете, на информациите кои ќе ги имаат и навиката за надградба на вештините.

Ова ќе им даде можност секогаш да можат да го изразат мислењето без проблем, а истото да го поддржат со факти. Читањето во раното детство помага да започне процесот на учење на јазикот. Слушајќи ги изговорените зборови, децата почнуваат да го учат нивното значење и комплетно да ги разбираат. Познато е дека децата имаат својство на сунѓер, впиваат сè што ќе слушнат и прочитаат, многу брзо се учат нови работи кои ќе им бидат од голема корист во иднина.

Заедничкото читање во семејството гради здрави односи меѓу родителите и децата. Родителите кои им читаат книги на дечињата многу полесно го градат односот на доверба што во иднина е клучен фактор за психолошкиот развој кај децата.

Едно истражување направено од страна на тим научници од Универзитетот Харвард покажало дека читањето помага да се продолжи вниманието кај децата и возрасните и да ја подобри нивната способност да размислуваат појасно и побрзо.

„Секоја приказна има почеток, средина и крај, а тоа е начин на кој мозокот кај еден човек се поттикнува да мисли во еден правец, да ги поврзува причините, последиците и значењата на ситуациите“ – изјавила д-р Сузан Гренфилд.

Таа вели оваа вештина е од голема важност кај децата на помала возраст за понатамошниот развој. Затоа е потребно родителите да не престанат да им читаат. Колку се поактивни, толку повеќе ја подборуваат оваа способност. Читањето помага и во подборување на физичкото здравје бидејќи влијае на процесот на стареење и болестите на мозокот.

поврзани објави

Последни објави