Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија одговараа на прашања на децата, кои сакаа да знаат каде се наоѓа во моментот Дедо Мраз. Претседателската двојка одговараше на прашања по телефон, од дневната соба на палатата на Флорида, каде што ги поминуваат празниците.
Повиците ги проследила Северноамериканската воздушно-космичка воена команда, која повеќе од 60 години за време на Божик ја организира програмата „Норад во трага на Дедо Мраз“.
Трамп на момче од Мисисипи му одговори дека таа држава е голема и предвидел дека Дедо Мраз ќе биде добар кон него. На момче од Вирџинија, кој изразил желба под елката да најде градежен материјал, американскиот претседател, кој се прославил и збогатил на полето на изградбата, го охрабри со зборовите: „И јас од секогаш го сакав тоа“.
Претседателот на САД претходно, по пат на видеоснимка, им посака среќен Божик на американските војници стационирани низ светот, како и на нивните семејства.