2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Костоски: Секој може да биде претседател на ВМРО, ама еден е ЛИДЕР

Пред 17 години први потпишавме пакт за стабилизација и асоцијација со Европската Унија а минативе 13 години не мрднавме ни чекор кон ЕУ.

Пред 15 години први го потпишавм договорот за добрососедство со Бугарија и бевме осудени од сите за предавници а денес тоа е државничка работа.

Пред 15 години имавме непречена соработка со Грција за да денес се прават сите усилби да се вратиме на истото ниво како што бевме пред 15 години.

2004 година први кажавме дека Груевски го носи ВМРО и Македонија во погрешен правец и пак по обичај бевме осудени за предавници а денес сите, дури и неговите најголеми полтрони се откажуваат од него.

20 години кажуваме дека нашето место е во ЕУ и НАТО а други ја величеаа Русија, а денес новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кажува дека приоритет ни е ЕУ и НАТО

Пред неколку дена од куртоазија му честитавме на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и пак бевме осудени од сите за да денес се одржи средба Мицкоски – Заев и гледај чудо нема коментари од патриотите од ДПМНЕ дека новиот претседател Мицкоски е предавник.

Ова не го пишувам да ве потсетам дека некој беше пред времето ама ете се поминува, но ние заради погрешни политики на Груевски и некои претходни влади изгубивме 20 години кои не се враќаат назад.

ПОУКА

СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО АМА ЕДЕН Е ЛИДЕР

 

ФБ СТАТУС на Ванчо Костоски – Член на ИК на ВМРО НП/Претседател на ОК на ВМРО НП Охрид

поврзани објави

Последни објави