Џенаро Гатузо ќе добие отказ на клупата на Милан. Можеби уште вечерва, кога Росоњерите во четврт-финалето од Купот на Италија играат против градскиот ривал на Интер.
Италијанските медиуми шпекулираат дека челниците на Милан сакаат да го вратат Монтела, но покрај се изгледа дека главен кандидат за клупското столче ќе биде Роберто Манчини.
Поранешниот стратег на Интер и Сити наводно е многу “несреќен“ во Зенит и би можел да се врати во Серија А за да го преземе кормилото на великанот, тврди “Gazzeta dello Sport“.
Според пишувања на медиумите тој ќе потпише договор до 2020. година. “Gazzetta“ тврди дека во случајот на вечерашен неуспех Гатузо ќе лета од клупата, а многу лесно би можел да го замени човек кој на Интер му донесе три титули.