13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ГДУ: ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И 60 ПРАТЕНИЦИ!

Република Македонија се претвора во синоним на политичко лицемерие и апсолутна човечка алчност. Повеќе од неколку години е актуелна темата со пратеничките плати и трошоци кои за жал и покрај огромниот притисок на општеството остануваат отворен проблем. Дел од пратениците во собрание ги минуваат сите нормални граници и за жал продолжуваат со старите традиции на грабење.
Излезе информација во медиумите според која за само четири месеци пратениците успеале да потрошат и по над 4000 евра за патни и други трошоци. Ако ги вклучиме и зголемениот буџет на собранието како институција и предвидените средства за нови автомобили, како и месечни плати на пратениците излегува дека така лошата имитација на парламентарна демократија многу скапо го чини македонскиот граѓанин. Само за споредба, ако на нашите пратеници им се потребни службени луксузни автомобили за да успеат да обезбедат услови за економски раст од 1-2 проценти и минимална плата од 12 000 денари, тогаш се чудиме како нивните колеги во Данска,Франција, Германија и.т.н. користејќи градски транспорт и велосипеди за да отидат на работа како успеале да обезбедат стандард за живот за своите граѓани за кои ние можеме да сонуваме. Можеби тајната се крие точно во тоа што не се така алчни и крадливи како нивните колеги во Македонија.
Германскиот Бундестаг има околу 600 членови поради особеноста во изборниот модел, имајќи предвид дека претставуваат над 80 милиони граѓани на Федеративна Германија.
Република Македонија е близу 40 пати помала, но истовремено и не знаеме колку пати посиромашна. Ако Германија го следи моделот на Македонија би требало да има 4800 пратеници во Бундестагот а има само 600.
Европската Унија има над 500 милиони жители, а истовремено со тоа има 750 европратеници.
Знаеме дека по нормално би било Македонија да се стреми кон Германскиот и европски модел. Имајки го предвид фактот дека повеќе од половината пратеници во нашето собрание освен да земаат плата, патни трошоци и да спијат во фотелјите во собранието ништо друго и не прават.
Сметаме дека бројот на пратеници треба да се преполови.
Сметаме дека и со 60 пратеници македонското собрание би функционирало беспрекорно.
Затоа ние од ГДУ иницираме општествена дебата за измени во Уставот и намалување на пратениците во собрание.
Исто така сметаме дека законска регулатива и измени на веќе постоечката која се однесува на трошоците на пратениците е повеќе од потребна.
Жалиме што моралот и чувството за достоинство нема како да се регулира со закон, нив или ги имаш или ги немаш.
 стои во соопштението на ГДУ.

 

ГДУ:ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И 60 ПРАТЕНИЦИ!Република Македонија се претвора во синоним на политичко…

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Thursday, January 4, 2018

поврзани објави

Последни објави