13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мистериозната смрт на еден Супермен

 

Дали мафијата го убива актерот Џорџ Ривс (Супермен) или навистината станува збор за самоубиство?

 

Во раните утрински часови на 16 јуни 1959 г. двајца полициски службеници пристигнуваат на адреса во Лос Анџелес. Таму наоѓаат неколку пијани гости, а на горниот спрат – мртво тело, кое лежи на креветот. Во главата на мажот има дупка од куршум.

Пиштолот е во раката на жртвата, која се уште е на подот, изгледајќи дека починатиот е седнат во креветот во последните мигови. Починатиот е гол, а крвта негова е разлеана насекаде по чаршафите како една гигантска црвена наметка.

Жртвата е Супермен. Името на мртвиот 45-годишен актер е Џорџ Риивс, а условите и претпоставките околу неговата смрт се основата на една од големите холивудски мистерии.

Иако случајот е определен како „самоубиство“, постојат теории, кои говорат дека актерот може всушност да бил убиен.

Една од најупорно повторуваните верзии, е дека убиството е направено поради врската на актерот со жена на влијателен човек во Холивуд. Но животот на Риивс веќе бил во дополнителна каша, за да не се изненадуваме за тоа што всушност се случило онаа летна ноќ.

Кој е Џорџ Ривас?

Ривас е роден со името на Џорџ Криф Бројар на 5 јануари 1914 г. Родителите му се разведуваат кратко по неговото раѓање и мајка му останува со вториот сопруг кој го прифаќа актерот како свое дете. Така идниот актер го добива името Џроџ Безоло. Мајка му се разведува и со тој сопруг и дур го лаже по Џорџ,, дека вториот му татко се има самоубиено.

Тој ја дознава вистината години по касно. Во текот на неговите помлади години тој во животот не добива особено добра претстава за тоа што значи стабилна врска.

Неговата актерска кариера започнува со мала улога во успешната “Однесени од виорот“ од 1939 г. Во тоа време актерот одново го смени своето име – тој пат на Џорџ Ривс. Потоа следуваат неколку негови учества во помали филмови, но актерот така не успева да постигне некаков солиден успех. Потоа е мобилизиран во армијата во 1943 г., кое уште повеќе го забавува неговиот пат кон успехот.

По Втората светска војна се враќа во Холивуд, но расположението таму се променило и било уште полошо. Сепак светлината на крајот од тунелот доаѓа под формата на буквата Ѕ и еден неубав суперхеројски костим.

Џорџ Ривс како Кларк Кент во The Adventures of Superman

 

 

Тоа е птица, тоа е авион… Не, тоа е Супермен!

Во јуни 1951 г. актерот ја добива улогата на суперхерој во нов телевизиски серијал „Супермен“ кој го прави првиот актер, преплатен во суперхерој на голем екран.

Ете ја и иронијата – се согласија да игра улога на суперхерој на телевизискиот екран, за да ја задржи кариерата жива, но во еден момент тоа решение се покажа како уште по голема сопка.

Серијата започнува со помрачен и посериозен тон, но постепено е преориентирана кон децата и станува позабавна. А тоа го натерува Ривс да се чувствува уште по понижен.

Љубовната афера Маникс

Неговиот личен живот исто не е во добра состојба. Со веќе еден неуспешен брак зад себе си, Ривс започнува љубовна врска со омажената и постара од него цели осум години – Тони Маникс

Таа е сопруга на Еди Маникс – главниот менаџер на студиото “Метро Голдуин Маир“ и еден од најопасните луѓе во Холивуд.

Некои луѓе велат, дека Маникс можеби имал врски и со мафијата. Се шпекулира дека Еди не имал проблем со љубовникот на својата сопруга, бидејќи тој често ја изневерувал.

Фатална ноќ во која “Супермен не успеа да запре куршум”

Тие не стапуваат во брак поради неочекуваната смрт на актерот. Во домот за време на пукањето биле Леонора Леман со која Ривс веќе живее, нивната сосетка Керол Ван Ронкал, новинарот Роберт Конден и Вилијам Блис, за чие присуство таму нема јасна причина.

Сведоците раскажуваат дека кон 1:20 часот. По полноќ Ривс, кој се обидувал да заспие, слегол кај нив на долниот кат, им се развикал поради бучавата и се качил повторно во спалната соба – соба без прозорци.

Неговата свршеничка Лемон им кажува на гостите: “Тој оди горе за да се самоубие “. Малку подоцна слушнале пукање.

Сите присутни изјавиле пред полицијата во Лос Анџелес дека Ривс бил во депресија. Откако се прошириле гласините дека Леман ја предвидела смртта на нејзиниот вереник, се појавува и прашањето дали таа не можела да го спречи она што се случило, жената веднаш ја менува својата верзија за настанот и веќе тврди дека не кажала ништо.

На крајот, полицијата го објавила случајот на самоубиство. Телото се поместува, никој не бара отисоци. Ниту еден од тројцата лекари кои ја вршат обдукцијата, не ги проверува рацете на актерот за да утврдат дали тој навистина се застрелал.

Во втората аутопсија побарана од мајката на актерот, биле пронајдени модринки на главата и телото на Ривс. Малку подоцна адвокатот се откажува од случајот. Леонор Лемон, поранешната вереница на актерот, заминува за Њујорк и никогаш веќе не се враќа, пишува Телеграф.

Еве некои од најраспространетите верзии за смртта на актерот – од најсмешните до оние кои предизвикуваат најголеми сомнежи:

Ривс се самоубива поради депресијата предизвикана од недостаток на работа и ограничувањата на неговата улога како Супермен;

Ривс сакал да шета гол низ неговата куќа (дури и кога имало и други луѓе), држејќи пиштол Лугер покрај неговиот кревет и да пука со него додека неговата вереница се забавувала со други луѓе долу;

Автомобилска несреќа два месеца пред смртта на Ривс го оштетува мозокот на актерот. Под влијание на лековите против болки, тој си го одзема животот; Неговата вереница Леонор Лемон го застрелала во меѓусебен скандал; Неговата љубовница Тони Маникс го застрелала од љубомора; Сопругот на Тони, Еди Маникс, го нарачува убиството на Ривс откако актерот ја напушта љубовницата и и’ го крши срцето; Тони Маникс го нарачува убиството на Ривс преку неговите наводни контакти со подземниот свет, а потоа ги крие трагите; Со години овие теории ги навеле луѓето да веруваат во нив. На таа тема има книга од 1996 (Hollywood Kryptonite), како и филм, според неа – Hollywoodland, во кој улогата на Џорџ Ривс се толкува од Бен Афлек.

И покрај тоа што не постои недвосмислен одговор на оваа мистерија, до денес официјалната верзија останува самоубиство. На екранот, Ривс беше суперхерој, справувајќи се со секој предизвик. Во својот живот имал голем број проблеми од професионална и лична природа, кои можат да објаснат зошто тој го одзема својот живот.

Но, за љубителите на заговорите зад оваа изненадувачка смрт во Холивуд, секогаш ќе има нешто што не се објавува во јавноста.

 

поврзани објави

Последни објави