9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Пеле колабирал, легендата на светскиот фудбал итно пренесена во болница

Легендарниот Пеле, според многумина најдобриот светски фудбалер на сите времиња, требал да отпатува во Лондон на настан организиран во негова чест, но патувањето го откажал откако му се влошила здравствената состојба.

На Пеле му се слошило и колабирал, па завршил во болница каде морале да го стават на инфузија.

„Во раните часови во четвртокот тој колабираше и веднаш беше префрлен во болница. Лекарите направија низа тестови кои покажуваат дека нема сериозни проблеми, однсосно дека организмот на Пеле е премногу исцрпен. Ќе остане во болница некое време“, пренесуваат бразилските медиуми.

Изминатите години Пеле честопати завршуваше во болница по проблеми со бубрезите и простатата, како и операција на колкот. Тој беше на ждрепката за СП во Москва пред крајот на минатата година, кога се појави во количка и тогаш последен пат се појави во јавноста.

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

Последни објави