13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Отец Кирил: Братските народи – македонскиот и бугарскиот се излезени од една утроба

МАКЕДОНСКИ МОНАСИ ПОВИКУВААТ НА БРАТСКИ ОДНОСИ СО БУГАРИЈА

Македонски монаси повикуваат на братски односи со Бугарија. По потпишувањето на договорот за добрососедство, темата е основна за целото општество не само во Македонија, туку и кај нашиот источен сосед Бугарија.

Екипа на Бугарската нова телевизија беше во посета на Свештената Бигорска Обител во Бигорскиот Манастир каде што разговараа со отец Кирил.

Еден со друг – браќата понекогаш се разликуваат и по вид, и по карактер. Но тоа не треба да не прави непријатели, сепак тие се браќа, излезени од една утроба. Така треба да гледаме на нашите два народи – бугарскиот и македонскиот. Имаме едни духовни родители – светите браќа Кирил и Методиј, имавме заеднички крштител купел за време на цар Борис – Михаил. И тоа нешто е историски факт и тоа е она кое не прави браќа, смета отец Кирил.

ЛИНК од целото видео – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави