Златната топка во последните 10 години е преодредена во правило само за два играчи: Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Се поизвесно е дека и оваа сезона тој тренд ќе продолжи.
Потсетуваме, 2007. година Бразилецот Кака го освои ова престижно признание, а од тогаш Аргентинецот и Португалецот рамноправно поделија по пет награди.
Многу веќе нагаѓаат за тоа кој би можел да ја прекине таа нивна доминација. Кандидати навистина има многу, тука се Нејмар, Азар, Кејн, Мбаппе и бројни други.
Аргентинскиот бисер од Камп Ноу во разговор за шпанските медиуми откри кој смета дека би можел да ја прекине нивната доминација.
Постојат прекрасни играчи ширум светот кои би можеле да ја освојат Златната топка. Во последните години тука сме само двајца, но играчи како Нејмар, Мбаппе и Суарез можат да се натпреваруваат за оваа награда оваа година, рече Меси.
https://www.youtube.com/watch?v=GaQPuqeHniM
Сигурно изненадување е што во овој тесен круг Меси го стави соиграчот од Барса Луис Суарез кој веќе има 31 година.