Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе се преименува во „Меѓународен аеродром Скопје“, објави премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека одлуката за новото име на аеродромот како и одлуката за преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“ поминале на владина седница.