14.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

Душица Мрѓа до Шекеринска: Крамарска ја етикетиравте како слуга на режим, не Ви пречи тоа што сега работи за Вас?

Во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, меѓу другото, Министерката за одбрана Радмила Шекеринска бше прашана и за нејзината одлука да ја ангажира поранешната уредничка на Утрински весник, Соња Крамарска во нејзиниот кабинет.

На прашањето дали не и пречи новинари кои биле дел од бомбите кои ги објавуваа и кои  беа квалификувани како слуги на режимот , сега да работат за нив, Шекеринска рече:

Шекеринска: Вие сметате дека сите во професиите сте исти?

-Во делот од бомбите кои ги објавувавте, беше спомената и Соња Крамарска…

Шекеринска: Сите вие беа споменати..

-И етикетирана од ваша страна…

Шекеринска: Од наша страна ние дозволивме снимките да зборуваат ,а не ние да квалификуваме,  вие знаете кои новинари беа дефинирани како слуги на режимот…

-Имаше страшни реакции во јавноста, имаше штрајкови во Утрински весник, Крамарска се води како уредник кој избрка новинари…

Шекеринска: Дали сум во право кога ќе кажам дека во најмрачното време за медиумите , кога Македонија најмногу добиваше критики за медиумски слободи, како медиуми на коишто имаше шанса да чуете и критики кон власта, се спомнуваа 24 Вести, Телма и Утрински весник, сега Вие сакате да ми кажете дека…

-Јас само ги пренесувам реакциите, бура од реакции предизвика…

Шекеринска: Не можеме да се доведеме во ситуација да бидеме во овие прашања лични..

-Колегите кои работеа во Утрински весник кажуваат дека Утрински беше онолку слободен колку што ќе дозволеше Сашо Мијалков и колку Крамарска ќе направеше притисок врз новинарите…

Шекеринска:  Јас тоа не можам да го кажам, тоа можат да го кажат тие кои таму работеле…

-Ги читате реакциите?

Шекеринска: Ги читам, како што читам многу реакции кога претходно Владата ангажираше луѓе кои немаат искуство во новинарството  во секторот односи со јавност, мора да …нови луѓе ќе увеземе и ќе најдеме дека се перфектни? Тој што е идеален во медиумскиот и во политичкиот сектор нека го фрли првиот камен…Јас може едно да кажам, може да бидам одмаздољубива -тие луѓе што пишувале лошо за мене , меѓу кои и Соња Крамарска, јас со нив нема да разговарам. Имало ситуации весникот што го уредувала биле многу критични кон опозицијата, меѓу кои бевте и вие…-

-Ја извртувате тезата манипулирате со тезата…едно е критичко новинарство, друго е оквалификувани новинари како директни учесници кои соработувале со режимот…

  • Шекеринска:  Јас не сум чула СДСМ да квалификува новинари…
  • -Ве молам одговорот..
  • Шекеринска:  Одговорот е следен-и ако сметав дека е погрешен, ќе го криев. Фактот  е дека МО влезе во процес на создавање стратегија која доцни две години, презедовме обврска да го завршиме процесот за 12 месеци. Затоа рековме дека ќе ја известуваме јавноста…за тоа треба луѓе, нема многу луѓе во медиумската сфера кои се подготвени со договор на дело, да работат времено…ангажиравме странски експерти, двајца пензионирани генерали и Вашата колешка. Меѓутоа, ако земеме и ги шкртаме луѓето, како што 10 години ги шкртаа или заокружуваа ВМРО ДПМНЕ,  нема да бидеме ништо подобри од нив..затоа  мислам дека во ситуација кога три медиуми се спомнуваат како медиуми кои обезбедуваа балансираност во известувањето , мислам дека е некоректно внатрешните односи во Утрински да се пренесуваат и да се претвораат во прашање кој бил за кого…јас гледам многу новинари кои менуваат редакции….
  • -Различно е тоа госпоѓа Шкеринска…
  • Шекеринска: Моето прашање е следното – дали медиум кој се сметал за објективен може да имал уредник кој одработувал за режим? Едноставно ми е прашањето…
  • -Вие сметате дека Утрински во последните неколку години беше објективен?
  • Шекеринска: Јас сметам дека Утрински весник , беше еден од медиумите заедно со Телма и вашата телевизија кои даваа шанси и за опозицијата. Вие сметате дека Утрински весник беше режимски весник…?

-Ако колегите од внатре велат дека Утрински бил толку објективен колку што дозволувал газдата…

Шекеринска: Истите тие газди беа и на Дневник, па Дневник не беше таков весник, во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР беа оценувани како медиум кој држи строго ВМРО ДПМНЕ политика…не можат истите газди, различни новинари и различни уредници да бидат иста работа. Во медиумскиот сектор работите  се толку зовриени, што и да направите , ќе бидете критикувани… рече Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Делот кој е пренесен е преземен од емисијата на ТВ 24 и се наоѓа на 1 час, 9 минути и 30 секунди од нејзиниот почеток:

поврзани објави

     

Последни објави