Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс денеска го коментираше мечот на „црвените ѓаволи“ со Хадерсфилд во ФА купот во студиото на „БТ Спорт“ и притоа издвои еден дефанзивец на неговиот поранешен клуб за слабата форма во последно време.
Сколс кажа дека Крис Смолинг е директен виновник за голот што го прими Јунајтед од Њукасл, што го чинеше тимот на Жозе Мурињо пораз на „Сент Џејмс Парк“ од 1:0 минатиот викенд и додаде дека дефанзивецот делувал многу нервозно за време на поразот од Тотенхем на „Вембли“ на 31 јануари.
– Тотенхем постигна гол по само 10 секунди, Џонс и Смолинг беа нервозни. Кога тимовите против нив се бранат, тогаш тие изгледаат добро, но штом дојдат да играат против квалитетни напаѓачи, тогаш се губат по целиот терен. Натпреварот со Тотенхем е убав пример за нивните неодамнешни настапи. Тоа беше слаба одбрана. Добрите играчи си поигруваат со Смолинг, тоа е неприфатливо. Организацијата во одбраната е шокантна – искоментира Сколс.