fbpx
20.8 C
Skopje

СЕ ИЗЈАСНИ И ЛЕГЕНДАТА: Овој дефанзивец придонесува за слабата форма на Јунајтед!

АКТУЕЛНО

Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс денеска го коментираше мечот на „црвените ѓаволи“ со Хадерсфилд во ФА купот во студиото на „БТ Спорт“ и притоа издвои еден дефанзивец на неговиот поранешен клуб за слабата форма во последно време.

Сколс кажа дека Крис Смолинг е директен виновник за голот што го прими Јунајтед од Њукасл, што го чинеше тимот на Жозе Мурињо пораз на „Сент Џејмс Парк“ од 1:0 минатиот викенд и додаде дека дефанзивецот делувал многу нервозно за време на поразот од Тотенхем на „Вембли“ на 31 јануари.

– Тотенхем постигна гол по само 10 секунди, Џонс и Смолинг беа нервозни. Кога тимовите против нив се бранат, тогаш тие изгледаат добро, но штом дојдат да играат против квалитетни напаѓачи, тогаш се губат по целиот терен. Натпреварот со Тотенхем е убав пример за нивните неодамнешни настапи. Тоа беше слаба одбрана. Добрите играчи си поигруваат со Смолинг, тоа е неприфатливо. Организацијата во одбраната е шокантна – искоментира Сколс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -