Откако претходно на медиумите се обзнани информацијата дека аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси истакнал дека не може да биде пријател со неговиот најголем фудбалски ривал кога станува збор за титулата – најдобар фудбалер на светот, возвраќа токму тој, Кристијано Роналдо.
Тој вели дека Лионел Меси е играч кој што веројатно е еден од најдобрите фудбалери на светот, магионичар со топката, некој кој знае и умее како треба да се однесува професионално еден фудбалер кој сака да биде најдобар на светот, меѓутоа за разлика од него, Роналдо смета дека ги поседува сите карактеристики за тоа што значи еден ГОЛЕМ човек и надвор од теренот, а не само на него…
Некогаш е добро да поседувате некои добри карактеристики и вон теренот. Јас сметам дека ги поседувам истите и тоа ме прави голем човек, рекол Роналдо.