28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Петровски до Грчев: Во Чаир има два двоглави орли кои се незаконски поставени, зошто тие не се тргнат?!

Односот на средства кои се трошат за демонтирање на спомениците и нивна дислокација е 1 спрема 100, во некои случаи 1 спрема 1000 во однос на трошоците.

За да владее правото, демократијата, тоа се плаќа од буџетот нели. Во случајов ова е демонтирање на криминалот, враќање на достоинството и смисолот на нашето постоење, вели Грчев за најавената дислокација на спомениците.

Кога сега треба да го сториме ова, ние велиме: Ау, па ова многу е скапо. Ова е голем злочин и правдата мора да биде истерана до крај, додава тој.

Неговиот противник во овој ТВ дуел Филип Петровски му возврати на Грчев дека во Чаир има два споменици на УЧК кои се незаконски поставени, но таму никој не смее да чепка. 

– Ако има криминал треба да се докаже и треба да одговораат. Не знам дали украле 100 евра или 100 милиони евра, но засега нема ништо конкретно. Ако има криминал од ВМРО-ДПМНЕ треба да има одговорност, вели Петровски и додава:

Скопје 2014 има пошироко значење за најголем дел од Македонците, во Македонија и во целиот свет. Ние како нација сме постојано под пресии, постојано нашата држава е во опасност, постојано попуштаме итн итн.. Ние се нешто се откажуваме, немаме право да кренеме споменик на Гоце Делчево, на Гемиџиите, на Ќосето. Мене не ме интересира дозволата за градба, тоа нека го решава државата. Но зошто да ни се уништи симболиката на Александар Македонски?

Зошто Ќосето се тргна во четири ноќе? Тоа ли е правна држава? Знаете што. Да не играме со двојни стандарди. Во Чаир имаме два споменици на УЧК. Зошто тие не се тргнат? Или од страна не смееме да чепкаме? Они имаат мапа на Голема Албанија поставени во сред Скопје, па никој не зборува за тоа.

Гоце Делчев, Даме Груев, Самоил, Гемиџиите, а зошто да не и Филип и Александар. Зошто некој друг да има ексклузивно право да ги има овие споменици, а ние не? Никогаш нема да прифатам дека поставување на Гоце Делчев или Јане Сандански е фашизам! Дали има нешто во бетонот има да си откриете и да докажете и ако е така, ќе кажам браво, овде има перење пари, но во спротивно ова е политичка фрустрација која не води кон добро туку само носи кон поголема нервоза и судири. На нас тоа не ни треба, вели Петровски.

поврзани објави

     

Последни објави