„Реформите, промените и модернизацијата на државната администрација се повеќе од потребни. И во овој случај не е потребно измислување на топлата вода. Едноставно е потребно да се преземе моделот од некоја од европските земји, да се адаптира и да се имплементира. Почитувани присутни, целиот овој процес за кој што зборував нема да се случи преку ноќ.
потребно е време и упорна работа!!! Потребно е јасна желба, карактер и волја за промени. Ние осознаваме дека ќе се судриме со овој систем кој повеќе од четврт век многу добро функционира врз грбот на граѓаните. . Осознаваме дека во наредниот период тој истиот систем ќе ги испрати сите отровни стрели кон нас и ќе се обиде да не запре. Но ние сме решени да ја платиме цената без разлика каква е таа. И тоа е така не заради нас самите туку заради иднината на нашите деца! Јас сакам нашите деца да живеат во силна, безбедна и европска Македонија! Ако и вашата желба е истата нека со заеднички сили ја реализираме!
Да живее Република Македонија, татковина на сите нејзини граѓани!“, изјави во своето обраќање Петар Колев претседател на Граѓанско Демократската Унија.