14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Ружа Томашиќ: Драги мои млади луѓе, останете овде и борете се за Македонија

Ружа Томашиќ е еден од најпознатите борци против корупцијата во Хрватска. Од 2013 таа е член на Европскиот парламент од групата на Европските конзервативци и реформатори. Во 2010 година е одликувана со државниот орден „Стјепан Радиќ“ за посебен принос во борбата против корупцијата и организираниот криминал, од страна на тогашниот претседател на Р. Хрватска, Иво Јосиповиќ.
Ружа Томашиќ уште за време на својот прв политички ангажман, станува претседателка на Националното собрание за сузбивање на корупцијата на Р. Хрватска. По професија е полициски инспектор.

„Драги мои Македонци не одете надвор, останете во Македонија и борете се за вашата земја. Ако ние повозрасните не успеавме, Вие треба да успеете во борбата за подобра иднина на Вашата земја“- изјави г-ѓа Ружа Томашиќ европратеничка од групата на Европските конзервативци и реформатори, во својот поздравен говор до присутните на Основачкото собрание на Граѓанско Демократската Унија.

поврзани објави

Последни објави