13.8 C
Skopje
Saturday, April 19, 2025

Чавков, Мукоски, Дурловски ја чекаат одлуката на Врховниот суд

Во Врховниот суд почна јавната расправа по жалбите на притворените за настаните од 27 април. 13 лица бараат  укинување на мерката притвор.

Одлуката ќе ја донесе Кривичниот совет на Врховниот суд со кој претседава Јово Вангеловски, а во чиј состав се и судиите  Ристо Катавеновски, Шпенд Деваја, Џемаили Саити и Рахилка Стојковска.

Како што јавува репортерот на НОВА, во моментот е дадена пауза, за адвокатите на осомничените да го разгледаат предлогот што бил доставен од обвинителството. Во судницата се осомничените Игор Дурловски, Крсто Мукоски, Митко Чавков, Љупчо Димовски, Мумир Пепиќ, Сашо Василесвки , Душко Лазаров и Горан Ѓошевски.

Новинарите кои ја следат јавната расправа на Врховниот суд реагираа бидејќи  им беа одземени мобилните телефони од судската полиција и побараа да им бидат вратени како средство за работа.  Вангеловски го одби барањето со образложение дека „телефоните биле злоупотребени на претходните рочишта“.

Апелација пред околу еден месец им го замени затворскиот притвор со куќен на Богдан Илиевски, Борис Дамовски, пратеникот Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Иван Цветановски – дел од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и на Оливер Радулов од УБК.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција вчера за НОВА потврдија дека е завршена истрагата за настаните од 27 април, минатата година и во моментов течат законските рокови во кои осомничените и одбраната можат да ги прегледуваат списите и доказите и евенттуално да бараат од обвинителството собирање на одредени докази.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за настаните од 27 април минатата година и до осомничените и нивната одбрана достави известување за завршување на истражната постапка. Во моментов тече законскиот рок од 15 дена согласно член 302 од Законот за кривична постапка  кога осомничените и одбраната имаат право да ги прегледуваат списите и доказите, да составуваат препис, да поднесуваат исправи или други докази, списи од дејствијата на одбраната или да бараат од обвинителството собирање на определени докази. По истекот на роковите од чл.302  јавниот обвинител во рок од 15 дена ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука, стои во одговорот на Обвинителството на нашите прашања дали е завршена истрагата за минатогодишните настани во Собранието од 27 април.

Според Законот за кривична постапка рокот во кој јавниот обвинител треба да ги собере доказите што ги предлага одбраната изнесува 30 дена од поднесувањето на барањето.

Извор: НОВА ТВ

 

поврзани објави

Последни објави