14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

СИ СЕДИ НА КЛУПА И СИ „ЛАПА“ ПО 7,4 МИЛ.ЕВРА ОД ПСЖ

Одмарај, дружи се со резервните играчи и земај плата. Што да прави, договорот му го дозволува тоа

Пари Сен Жермен пред две години реши да го ангажира Хатем Бен Арфа по одличната сезона со Ница. А фудбалерот не ја пропушти шансата да потпише за клубот за кој навива од дете.
Романсата тргна одлично, но како што одминуваше времето ислезна. Двете страни се во конфликт. Бен Арфа е ставен на клупата и не добива шанса за игра. Поради караница со управата е префрлен во резервниот тим. А таму ќе остане до крајот на сезоната кога и ќе му истече договорот.
Тој нема одиграно натпревар уште од 5 април 2017 година. Клубот можеше да го продаде и за ситна сума само да се ослободи од него, но Бен Арфа реши да се потпре на договорот и одличните 7,4 милиони евра годишна плата што ја добива (дури повеќе од, на пример, Жиру или Марсијал). Не игра, а зема плата. Но договор си е договорот. ПСЖ мора да го трпи барем до лето, а потоа ќе го откачи.

 

Извор: Sport.com.mk

поврзани објави

Последни објави