Оусмане Дембеле е второто најскапо засилување во историјата на Барселона, а на Камп Ноу пристигна на почетокот на оваа сезона.
Бидејќи веднаш се повреди после доаѓањето, започна да игра пред неколку недели, но очигледно е дека не му иде баш така лесно. Дембеле не така одамна против Челси го постигна својот прв гол за клубот, а земајќи во предвид дека конкуренцијата е многу силна ќе му треба време за да би можел да биде сигурен стартен играч во првите 11.
Во медиумите од Шпанија се појави информација дека Дембеле ќе го наговара Арсенал да испрати понуда за него на крајот на сезоната бидејќи тој сега сака да се проба во Премиер лигата. Но набрзо стигна демант од медиум близок до Барселона. Фудбалерот не е предмет на преголеми шпекулации бидејќи во Барселна е донесен како замена за Нејмар, а они го сакаат на подолг период.
Како медиум близок до каталонскиот клуб се наведува дека се очекува да го покаже својот целосен потенцијал и нема шанси да се случи било каков трансфер во овој период.