6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

САД: Настаните во митровица, голем чекор наназад; Русија: Огрочени сме од грубата провокација

По вчерашното апсење на  директорот на српската канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, кој по сослушувањето во Приштина беше протеран од Косово, со реакција се јави и американскиот амбасадор во Србија Скајл Скот кој истакна дека настаните во Косово се голем чекор наназад.

„Настаните во митровица претставуваат голем чекор наназад. Се надевам дека студените глави ќе надвладеат и ќе овозможат смирување на ситуацијата“, напиша Скот на својот профил на Твитер.

Остра осуда и реакција имаше и амбасадарот на Русија, Александар Чепурин кој изјави дека официјална Москва е огорчена од грубата провокација.

Тој додаде дека нема алтернатива за дијалогот и мирниот соживот на сите граѓани на Балканот.

„Огорчени сме од грубата провокација на Приштина. Целосно сме солидарни со Марко Ѓуриќ и Србија“, напиша Чепурин на Твитер.

поврзани објави

Последни објави