Македонската ракометна репрезентација и официјално го заврши Светстко првенство во Франција на 13. позиција, сето ова е познато по комплетирањето на сите осминафинални натпревари.
Денес во Франција имаше големи изненадувања, па првенството заврши за Данска и Германија, додека очекувано пласман понатаму изборија Шведска и Хрватска.
Катар со минимални 21:20 ја победи Германија, додека Хрватска беше подобра од Египет со 21:19, во двата вечерни натпревари. Претходно, Шведска беше сигурна против Белорусија со 41:22. Унгарија направи сензација елиминирајќи ја Данска со 27:25.
Четвртфинални средби:
Франција – Шведска
Словенија – Катар
Шпанија – Хрватска
Норвешка – Унгарија