11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЦИА за Тупурковски: Облечен е во блузи со отворени крагни кои висат на големиот стомак

Разузнавачите на ЦИА биле изненадени од Васил Тупурковски – Циле, од неговиот физички изглед и од неговото облекување.

Ноншалантното облекување на Тупурковски,станало цел на анализа на ЦИА.Тие напишале дека во 1986 година тој учествувал на конференција посветена на Југославија во Вашингтон каде дошол со чуден бекраунд.

„Пред да биде избран за член на претседателството на СКЈ,тој доби магистерска диплома на Универзитетот Мичиген во САД по компаративно право и течно зборува англиски. Македонецот Тупурковски има долга густа коса, долги мустаќи и зулуфи, облечен е во блузи со отворени крагни кои ги остава да висат на неговиот голем стомак – практика што е изненадувачки „кежуал“ дури и за југословенските елити“, се вели во документот на ЦИА.

поврзани објави

Последни објави