Манчестер Јунајтед и оваа сезона нема да дојде до титулата во Премиер лигата, но целта на Жозе Мурињо е да заврши на втората позиција зад новиот шампион Манчестер Сити кој наскоро треба да биде потврден.
Меѓутоа што и да се случи до самиот крај кога е во прашање Јунајтед тоа нема да го расипе планот на клубот за летниот преоден рок. Имени сезонава се покажа дека „ѓаволите“ заостануваат „граѓаните“, но ова нема да биде повод за Мурињо силно и моќно да нападне во следниот преоден рок.
-Нема да потрошиме повеќе отколку што можеме, нема да направиме нешто лудо. Се надевам ќе завршиме на второто место и следната година ќе се обидеме да се подобриме. Сигурен сум дека сите топ 6 клубови така се чувствуваат, ама да видиме што ќе се случи. Можеби Сити исто масивно ќе инвестира и нема да им дозволи на другите да му се приближат, -рече португалскиот стручњак.