-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Откажано рочиштето за случај „Мобинг“ – Обвинетиот Панчевски не се појави

За денес беше закажано судење против поранешниот претседател на Основен суд Скопје, Владимир Панчевски, но истото беше одложено затоа што обвинетиот Панчевски не се појави.

Тужбата против Панчевски беше поднесена од вработен во секторот за човечки ресурси во скопска единица, Горан Стаменковски, а после откажаното рочиште, адвокатот на тужителот излезе со изјава за телевизијата „Алсат М“:

„И покрај тоа што имаше уредна достава, обвинетиот не се појави на денешното рочиште, изостанокот не беше оправдан, ниту пак неговиот адвокат не се појави, а тоа е игнорантски однос и спрема судот и спрема нас како колеги“.

Адвокатот на тужителот додаде и дека имаат доволно материјални докази и сведоци со кои можат да потврдат дека обвинетиот Владимир Панчевски, вршел мобинг врз Горан Стаменковски.

„Имаме материјални докази и сведоци со кои ќе потврдиме дека Владимир Панчевски како поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје 1, вршел мобинг врз Горан Стаменковски. И покрај тоа што Панчевски имаше уредна достава да се појави пред судот, тој не дојде што претставува игнорирање на судот како институција и кон нас како колеги“, изјави Душко Јанковиќ, адвокат на тужителот.

Покрај оваа тужба, Стаменковски против Панчевски поднел и две кривични пријави за малтретирање за време на слижба и повреда на рамноправноста.

поврзани објави

Последни објави