-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поранешен министер живее како бездомник, го пронашле премрзнат и изнемоштен

Поранешниот министер за образование во српската влада, Слободан Вуксановиќ живее како бездомник, пренесува српски „Курир“.

Извори велат дека тој се наоѓал во тешка ситуација и дека завршил на улица после разводот и губењето на професорската работа. Го пронашле замрзнат и гладен во паркот на клупа во Белград.
“ Човекот беше во еден белградски парк температурите беа минусни сред ноќ. Беше изнемоштен, се тресеше од смрзнатост на себе имаше само тенка јакна. Го видов како седи долго на клупата па се одлучив да ја повикам дежурната брза помош. Тие стигна се уверија дека не е пијан, туку е мошне изнемоштен.“- вели човекот кој што го пронашол.

“ Кај себе немаше никакви документи, но кажа како се вика и да бил министер. Раскажа како брзо ја изгубил работата, и дека се развел и се исели од заедничкиот стан.- тврди сведокот за „Курир“

Болничарите и сведокот му понудиле да го однесат во приватилиште за бездомници во Белград каде што можел да се избања и нахрани. Но тој одбил велејќи дека има пријатели кај кој може да преноќи.

поврзани објави

Последни објави