Граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“ на прес-конференција ги отрки своите следни чекори, од кои еден ќе биде и барање на одговор од Американската амбасата и од мисијата Усаид во Македонија, како соработуваат и ја финансираат фондацијата на отворено општество во Македонија.
„Станува збор за пари кои преку разни програми овие две институции ги даваат на фоднацијата на отворено општество за политички цели и за пласирање на одредена политичка идеологија што е прифатлива само за една политичка опција во Македонија. Исто така сите релевантни институции во САД ќе бидат информирани за случувањата во Македонија на оваа тема, како и новоформираната администрација на претседателот Доналд Трамп, од каде што ќе побараме да се изврши ревизија на оправданоста на овие програми и воедно ќе побараме да се изврши одредена истрага во врска со можна злоупотреба на овие парични средства кои припаѓаат на даночните обврзници на САД“, истакна еден од членовите Ненад Мирчевски.
Никола Србов, со кој ПОГЛЕД.МК пред неколку денови имаше интервју, соопшти дека движењето „Стоп Операција Сорос“ е благодарно на САД за големото ниво на поддршка кон политичката, безбедносната и финансиската помош кон нашата држава.
„Ние движењето „Стоп Операција Сорос“ сме им благодарни на САД за големото ниво на поддршка како политичка и безбедносна така и на финансиска која и ја доделуваа на Република Македонија во изминатите децении. Свесни сме дека САД имаше огромен придонес за создавање на самостојна Македонија во раните 90-ти години, но сепак пријатели се пријатели затоа што ја кажуваат вистината. Јавноста, како и новата администрација на САД мора да знаат што навистина се случува во Република Македонија со финансиите кои се влеваат во нашата држава, а истите произлегуваат од даночните обврзници на САД“, вели Србов.