-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Официјална Атина: Брзо решавање на спорот за името зависи исклучиво од Македонија

Грција ја префрла одговорноста кон македонската страна за тоа дали ќе има брзо решение на деценискиот спор за името. Прозорецот на можност е отворен, но топката е на страната на соседната земја, ако излезе во пресрет ќе има договор, смета алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

– Сакаме комплетно решение за да не се создаде одново проблем во следната деценија и сакаме решение што ќе има карактеристика на трајност и затоа е потребна промена на Уставот. Доколку другата страна се одзве на ова, ќе имаме договор, ако не, нема да имаме. Топката,  јасно дека е на нејзина страна.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, смета дека постои напредок во процесот, но во некои точки остануваат почетните позиции.

Во сличен контекст е ставот на Претседателот на грчкиот парламет, Никос Вуцис, кој смета дека во интерес на Грција е изнаоѓање заемно прифатено решение за името, но кое ќе биде заведено во Уставот и за севкупна употреба.

Тој е убеден дека доколку решението е во рамките на грчките позиции, тогаш тоа ќе добие поддршка од мнозинството политички партии во грчкиот Парламент.

-Мојата политичка проценка е дека доколку во Парламентот дојде за ратификација договор врз основа на повторените јавни ставови и обврзувања од страна на премиерот, но и од министерот за надворешни работи, ќе се најде, преку расправа, една широка политичка поддршка,  смета претседателот на грчкиот парламент.

Инаку, следната недела, на 25 април ќе има нова средба во Виена на шефовите на дипломатите. Димитров и Коѕијас ќе се сретната со медијаторот Нимиц.

Владиниот портпарол потврдува дека до крајот на месецот ќе има нова рудна разговори, но вели се уште не е дефиниран точниот датум.

Македонската влада се надева дека до самитот на Европската Унија ќе се интензивирата разговоите со цел да се најде решение за валоризација на препопраката од Европската Комисија за почеток на пристапните преговори.

Извор: Сител

поврзани објави

Последни објави