6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Јанушев: Раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик и склучи милионски договор во четири очи

Станува ли АД ЕЛЕМ синоним за сомнителни зделки, корупција и криминал? Завршуваат ли милиони државни пари наместо во нови инвестиции на сомнителни договори во четири очи? Оваа ненародна и криминална власт расипнички се однесува со парите на граѓаните. СДСМ не работи за граѓаните, туку за нивната  партиска елита, посочува Јанушев.

Дали е на повидок нов голем скандал во АД ЕЛЕМ? Раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола и склучи милионски договор во четири очи, обвинува Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Раководството на РЕК Битола,  склучи  договор во висина од 21 милион и 240 илјади денари за ангажирање на работници со договор во четири очи со фирмата СВ – Инвест, која според информациите со кои располагаме е во сопственост на близок пријател на директорот на РЕК  Битола. Паралелно на оваа постапка во четири очи се одвивала и тендерската постапка за истата работа за која е објавен јавниот повик, но истата поради како што е наведено битна повреда во тендерската документација АД ЕЛЕМ ја поништило на 16.3.2018 година, 14 дена по склучувањето на договорот во четири очи, за слободно да може да се ангажираат лица преку СВ – Инвест. Според информациите кои дојдоа до нас според договорот на СВ – Инвест ќе и бидат исплаќани 197 денари по работник од час, и тука постои сомнеж дека на работниците таа ќе исплаќа 97 денари, односно 100 денари помалку, обелодени Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори каде ќе заврши разликата од цената која и се исплаќа на компанијата и цената која таа треба ја исплаќа по работник?

-СВ – Инвест е фирма која пред доаѓањето на Ковачевски за директор во РЕК Битола, не учествувала во вршење на работи во АД ЕЛЕМ. Истата според информациите кои ги имаме е регистрирана за трговија и градежништво и во делокругот на нејзиното работење не е предвидено изнајмување на работници. Станува ли АД ЕЛЕМ синоним за сомнителни зделки, корупција и криминал? Завршуваат ли милиони државни пари наместо во нови инвестиции на сомнителни договори во четири очи? Оваа ненародна и криминална власт расипнички се однесува со парите на граѓаните. СДСМ не работи за граѓаните, туку за нивната  партиска елита, посочува Јанушев.

поврзани објави

Последни објави