2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Берни Еклстон по 40 години на чело на Формула 1 си заминува

Првиот човек на Формула, 1 Берни Еклстон по повеќе од 40 години ќе биде сменет од оваа функција кој и самиот ја потврди смената од страна на новиот сопственик на Ф1 „Либерти медиа“ Џон Малоун. Нов претседател на формула 1 циркусот ќе биде Чејс Кери.

“Сменет сум, заминувам и официјално. Повеќе не сум дел од компанијата. Имам нова функција, но ни самиот не го знам нејзиното значење“, изјави Еклстон.

Компанијата „Либерти медија“ минатата година ја купи Ф1 од „ЦВЦ партнерс“ за сума од шест милијарди долари. Доналд Мекензи еден од сопствениците на „ЦВЦ партнерс“ сакал Еклестон да добие поголема функција од почесен претседател, но бил надгласан на еден од последните состаноци. Богатството што Берни го оствари за време на владеењето во Формула 1 се проценува над 3.1 милијарди долари

поврзани објави

Последни објави