Бесни што се откажа натпреварот
Откако Фудбалскиот сојуз на Аргентина порача дека нивната репрезентација нема да игра пријателски натпревар против Израел оваа одлука го израдува народот во Палестина, но не и во Израел.
Имено, Израелците се бесни што Аргентина на ваков начин го откажа натпреварот после притисокот од Палестина. Од Израел порачаа дека се посебно бесни на Лионел Меси бидејќи веруваат дека тој бил најгласен за одложување на пријателскиот натпревар во Ерусали.
Медиумите од Израел денеска порачаа дека јавноста во оваа земја е лута поради ваквата одлука на Аргентина која ги изненадила, но дека се ужаснати со фактот дека Лионел Меси и неговите соиграчи на овој начин се придружиле на терористите од Палестина. Откако натпреварот и официјално е одложен се огласи и напаѓачот на Гаучосите, Гонзало Игуаин, кој рече дека ова е вистински потег.
– Верувам дека направивме вистинска работа и дека тоа е веќе зад нас. На прво место ни е здравјето и добар разум и едноставно почуствуваме дека не е правилно да отидеме таму и да играме, рече Игуаин.