Центарот за обука на воени пилоти ги поканува сите заинтересирани на отворениот ден кој ќе се одржи на 28-ми јануари со почеток од 12 часот во Домот на АРМ.
Отворениот ден ќе биде одлична прилика сите заинтересирани да се информираат што би значело да се биде пилот-борец. Обуките на армиските пилоти се одвиваат според највисоките стандарди и во новиот центар за обука кој е единствен од таков вид во Југоисточна Европа. Во рамки на отворениот ден ќе биде презентирана програмата на обуката и капацитетите на Центарот за обука. Присутните ќе имаат прилика да постават прашања поврзани со обуката и Конкурсот.
Потребни квалификации за пријавување се завршен прв циклус на студии, возраст не повеќе од 28 години и солидно познавање на англискиот јазик. Повеќе информации поврзани со обуката може да се најдат на веб-сајтот: www.ptc-mk.com.