Милан и Интер се првите италијански тимови, кои креваат КЕШ во почетокот на 60-тите, а Јувентус станува третиот во 1985-та по крвавото финале на “Хејс”
Фиорентина е сепак првиот тим од италијанските кој игра финале за европскиот клупски куп.
Пролетта 1956 година „виолетовите“ го освојуваат Скудето, оставајќи го Милан на разлика од 12 поени.
Момчињата на тренерот Фулвио Бернардино играат како машини, а освен тимската премија за титулата, која ја добиваат фудбалерите, секој од нив добив и мопед.
Сликата со мопедите е симболична за историјата на Фиорентина и покренува спомени за големите години на „виолетовите“.