6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Беа прогласениза за најубави близначки во светот, но како изгледаат осум години подоцна

После пропаднатиот прв обид, Жаки била нервозна околу прашањето за враќање на девојчињата во модната индустрија. Сепак, кога девојчињата наполниле седум години, работите се промениле. Жаки го поделила моментот кога сфатила дека тие се спремни за светлата на рефлекторот.

-Оваа година беше различна. Тие беа различни. Имаа сопствена личност. Сакаа да играат пред пубlikликата, пред било која публика. Компании, пријатели, странции… не им беше важно, затоа што сакаа да бидат во центарот на вниманието. Освен фактот дека верувам во знаци и дека скоро сите велат дека седум е среќен број, знаев дека оваа година ќе им биде забавна и возбудлива. Им дадов предлог на девојчињата покрај часовите за танц и пливање секоја недела, да се пробаат и со манекенството.

Почнаа да скокаат од среќа и не можеа да дочекаат да почнат, вели Жаки.Кога Жаки Клеменс и нејзиниот сопруг на 7 јули 2010 година донесоа две слатки девојчиња, немале ни поима дека живото ќе им биде толку хаотичен. Секако, очекувале двојно менување пелени, непроспиени ноќи и уште многу што, но не ни очекувале дека близначките ќе кренат толкава фама. Тие го освоиле интернетот, а кога ќе ги видите нивните фотографии ќе сфатите и зошто.

Ава Мари и Леа Роуз се родени 4 и пол недели орано. Жаки вели дека знаејќи ги нив сега, има потполно смисла што се родиле порано, ненајавено, спремни да го преземат светот. Како месеците минувале, а девојчињата растеле, луѓето почнале да забележуваат колку убаво изгледаат. Слушајќи ги коментарите и чувствувајќи ја убавината на своите ќерки, Жаки потпишала договор со модна агенција кога тие имале само шест месеци. Меѓутоа, работите не испаднале како што замислила и набрзо го раскинала договорот. Не можела да помисли дека неколку објави на Инстаграм ќе променат се.

Со синот и двете девојчиња, забрзаниот живот во куќата на Клеменсови продолжил и по пропаѓањето на кариерата како модели. Девојчињата продолжиле да „цветаат“, а коментари за нивниот изглед имало се повеќе. Жаки вели луѓето секаде ги застанувале и се распрашувале за девојчињта.

-Откако паметам, странци му приоѓаа и ме прашуваа дали се близначки… Следниот коментар секогаш беше „Вау, толку се убави, би требало да ги запишете на манекенство“, вели Жаки Клеменс.

Првиот настап бил за семеен пријател кој отворал бутик за деца. Жаки се сложила да му помогне со барањето модел и ги земала девојчињата и камерата.

-Не можам да кажам дека знаев што правам. Ава гледаше во камерата, додека Леа гледаше во празно… Потоа Леа случајно ја бутна Ава, која помисли дека било намерно и побрза да и врати. Се на се испадна дека успеале, изненадувачки. Имавме неколку добри фотографии за работата на пријателот и за нас да ги пратиме во модните агенции, надевајќи се дека ќе покажат интерес, вели Жаки.


После многу препирки и мака, Жаки успеала да направи навистина одлични фотографии од нејзините девојчиња. Ги поставила на својот Инстаграм профил и тие за час го освоија интернетот. Агентите ги барале сакајќи да ги запознаат девојчињата. На крајот потпишале договор не со една, туку со две агенции во Калифорнија и од тогаш цело време се зафатени.

Постои причина зошто Ава и Леа ги сметаат за најубави близначки на светот. Нив сигурно иднината им носи многу што во модниот бизнис, а едно е јасно со строга мајка како Жаки, тие сигурно ќе останат цврсто на земја

поврзани објави

Последни објави