Мојата најдобра пријателка минатиот викенд се омажи за човекот на мојот живот. Добро знаеше што чувствувам за него, но сепак го стори тоа. Најлошо од се, е што ме викна да им бидам кума!
Срцето ми се кинеше додека ги гледав заедно на свадба, цел ден се замислував себе си во бела венчаница, а кога матичарот праша има ли некој против тој брак, сфатив дека тоа ми е последна прилика, и на цел глас кажав дека да, јас имам против… Го кажав тоа пред 500 гости дека лудо сум вљубена во човекот, кој денеска сака да ја ожени мојата најдобра пријателка и дека таа тоа го знае. Реков дека јас би била подобра сопруга од неа, бидејќи го сакам него, а не неговите пари, кои се единствена причина зошто таа се мажи за него.
После се, ме исфрлија од свадбата, постигнав само едно нешто, да ми се смејат сите, дека сум исфрустрирана, љубоморна, луда, дека сум лоша личност бидејќи сакав да ја уништам свадбата на најдобрата пријателка и да и го земам сопругот, а всушност таа тоа ми го стори мене, бидејќи тоа требаше да биде моја свадба.
Тие двајца се венчаа, и беа во брак само половина година. Јас се преселив од тој град, отидо подалку.
Сега слушнав дека се разделиле, и дека тој прашувал за мене, каде сум, како да ме најде.
Воопшто не ми паѓа веќе на памет да бидам со него.
Извор: Минута