Се оженив со разведена жена, самохрана мајка на прекрасна ќеркичка… Поранешниот сопруг и бил алкохоличар и многу лошо се однесувал со неа, додека биле во брак. Воопшто не ми беше проблем да ја прифатам, ниту неа, ниту нејзината ќерќичка која има само 4 години.
Јас моментално сум невработен, така да преку ден ја чувам ќеркичката додека мојата сопруга е на работа.
Денеска додека и го топлев млекото на ќерката ( така си ја викам, бидејќи и така ја чувствувам) таа дојде до мене, и без да ја видам се свртев и несакајќи истурив топло млеко врз неа. За среќа тоа беше многу малку, но секако ја изгорев.
Таа почна да плаче и едвај ја смирив и ја ставив да спие. После тоа низ мене помина некој немир, страв, што се можеше да се случи.
Да се случеше нешто повеќе тоа никако немаше да си го опростам на себе.
Во секој случај, мојата сопруга е прекрасна. Во план сме да имаме уште заеднички деца.
Ја сакам, ме сака и таа мене. Воопшто не ми смета нејзиното минато. Таа е сега со мене и ќе ја гледаме заедно иднината, која верувам дека ќе биде многу убава.