Сите фенг шуи мајстори тврдат дека овие билки ги исполнуваат желбите и привлекуваат позитивна енергија во секој дом!
Привлечете љубов, пари и среќа со помош на овие три магични фенг шуи растенија.
1. Бамбус
Среќниот бамбус е лесен за одржување, а фенг шуи мајсторите сметаат дека привлекува позитивна енергија. Вртената верзија на стеблото на бамбусот привлекува успех, а доколку сакате среќна љубов и стабилен брак, ставете две бамбус дрва во вазна. За повеќе успех и пари во куќата ставете три или 9 бамбуса, и најдобра позиција е во левиот дел на куќата, најмногу оддалечен од влезната врата.
2. Орхидеа
Магичниот цвет на орхидеата во Фенг Шуи се користи за наоѓање на нова љубов. Доколку сте осамени искористете ја магијата на орхидеата и чувајте ја во спалната соба, покрај креветот.
3. Златен бршлен
Декоративна билка која совршено се вклопува во секој дом, златниот бршлен е совршен за одбивање на негативна енергија. “Мртов” агол во куќата, кош или празни полици се идеално место за златниот бршлен кој ја отфрла негативната енергија, а привлекува светлост, истакнуваат фенг шуи мајсторите.