Неговиот момент на пркос останал забележан на фотографија.
Нацистичкиот поздрав стана задолжителен за Германците откако во 1930 година го усвоила Националсоцијалистичка германска работничка партија предводена од Хитлер.
Славната фотографија фотографирана во 1936 година за време на поаѓањето на бродот за обука на германската морнарица Хорест Весел, сведочи за страшната судбина на еден човек во времето на Втората светска војна.
Наспроти тоа што прво се помислува, Аугуст Ландмесер кој се гледа како со спуштени раце стои во морето Нацисти, и самиот е еден од нив. Сепак, единствен кој е разочаран.
Имено, Ландмесер бил лојален член на Партијата од 1931 до 1935 година. Еврејката Ирма Еклер во 1933 година го украла негово срце, па и ја запросил две години подоцна, а поради прогласувањето на свршувачката следело исфрлање од Партијата. Потоа приложената документација за склопување на нивниот брак е одбиена, па нивното прво дете Ингрид, родено во октомври 1935, Германецот Аугуст и Еврејката Ирма го добиваат вонбрачно.
Неколку месеци потоа, 13 јуни следната 1936 година фотографирана е фотографија токму на тој Германец кој му се спротиви на најмонструозниот лидер кој некогаш постоел. Година дена потоа тој решил да ја напушти Германија, но би задржан на граница и обвинет поради „валкање на расната чест“. Година дена потоа бил пуштен од затвор поради недостаток на докази, но со совет да ја напушти сопругата Еврејка.
Одбивајќи, истата 1938 година повторно бил уапсен и фрлен во логор на речиси три години. Тоа бил последен пат да ги види сопругата и детето. Ќерката која ај добил неколку месеци потоа Ирена, раѓајќи се во заробеништво, ја споделила судбината на никогаш видениот татко. Се верува дека нејзината мајка е убиена во женскиот логор во 1942 година, страдајќи помеѓу 14 000 други жртви.
Аугуст Ландмесер по отслужувањето на затворската казна уште некое време престојувал во Германија од која во 1944 година бил регрутиран за војна. Последното што се слушнало за него е дека „исчезнал во акција“ во Хрватска.