4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најголемата тајна на филмот „Кој тоа таму пее“: Тито одредил каков ќе биде крајот, воопшто не требало така да се заврши (видео)

Бројни интересни, за пошироката јавност непознати факти поврзани се за, според многумина, култниот филм на југословенската кинематографија „Кој тоа таму пее“(Ко то тамо пева) , а еден од нив е поврзан за самиот крај на ова легендарно остварување.

Во последната сцена требало да се појави голем број на животни и нивното бегство од зоолошката градина да ја претставува апокалипсата. Но дошло до проблеми за реализирање на таквиот крај, а причината верувале или не била смртта на Јосип Броз Тито.

Имено, животните требало да бидат донесени од еден италијански циркус, меѓутоа, поради смртта на Тито, сите граници биле затворени.

Морало да се прифати дека замислениот крај не можел да биде снимен на посакуваниот начин од поприлично бизарна причина барем од денешна перспектива.

поврзани објави

Последни објави